Назив на папка
:
Закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори за вршење на други сезонски работи
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави
за изведување на градежни работи преку проектни договори за вршење на
други сезонски работи ("Службен весник на Република Македонија" бр.166/12 и
30/16) се уредуваат условите, критериумите и постапката за упатување на
работници од Република Северна Македонија во други држави за изведување
на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски
работи.
Со уставните измени од 19.01.2019 година се изврши промена во името на државата, од
„Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“. Законот не е усогласен со
измените во Уставот.
Цел на предлог законот
:
Со новиот закон се овозможува усогласување на Законот со Уставот на Република Македонија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
13.10.2020 - 19.10.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
vladimir.krasic@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Владимир Красиќ
Други информации
:
/