Назив на папка
:
Закон за Црвениот крст на Република Македонија
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија
Краток опис на проблемот
:
Со досегашните одредби на Законот за црвениот крст на Република Македонија беше оневозможено на единствен начин од страна на сите овластени станици за технички преглед правилно да се пресметува надоместокот за црвениот крст кој се уплатува при вршење на технички преглед на возилото.
Цел на предлог законот
:
Со Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за црвениот крст се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на висината на надоместоците, посебно на надоместоците кои се уплатуваат при технички преглед на возилата од причина што досегашните одредби не даваа правна сигурност при нивното утврдување и наплата од сопствениците на возилата.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.06.2018 - 27.06.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
www.ener.gov.mk www.mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
AGjorgjieski@mtsp.gov.mk
Други информации
:
Нема