Назив на папка
:
Закон за висока раководна служба
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Закон за висока раководна служба
Краток опис на проблемот
:
Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. Со Законот за административни службенци е направен првиот исчекор кон професионализација на извршните раководители во административната служба. Со Законот за вработените во јавниот сектор се опфатени органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
Цел на предлог законот
:
Со новиот закон за Висока Раководна Служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции - издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност. ВРС ќе има специфичен правен статус, одвоен и различен од Законот за административни службеници. Со одредбите од новиот Закон за Висока Раководна Служба ќе се дефинира Високата Раководна Служба и ќе се воспостави централно тело Комисија за селекција на Високата Раководна Служба.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.02.2019 - 15.03.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.mioa.gov.mk
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
biljana.zagar@mioa.gov.mk
ljupka.ivanovski@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Николовска Жагар
Љупка Ивановски
Други информации
:
/