Назив на папка
:
Закон за заштита на културното наследство
Назив на министерство
:
Министерство за култура
Назив на предлог прописот
:
Известување за отпочнување на процесот на проценка на влијание на регулативата
Краток опис на проблемот
:
Прашањето за враќање на културните добра што незаконски се изнесени од територијата на друга држава, а се наоѓаат на територијата на Република Македонија и обратно, во Законот за заштита на културното наследство е веќе уредено и во него се вградени клучните одредби од Директивата 93/7/ЕЕЗ за враќање на културните добра што незаконски се изнесени од територијата на држава членка, од 15 март 1993 година. Имајќи предвид дека Извештаите за спроведувањето на оваа Директива ги покажаа нејзините ретки спроведувања поради ограничувањата на нејзиниот опсег, Европскиот парламент и Советот на ЕУ, ја донесоа Директивата 2014/60/ЕУ од 15 мај 2014 година за враќање на предмети од областа на културата незаконски одземени од територијата на земја-членка и за изменување на Регулатива (ЕУ) бр. 1024/2012 (преработен текст). Оттука, потребно е да се донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство со кој ќе се изврши хармонизирање на легислативата на РМ со законодавството на ЕУ.
Цел на предлог законот
:
Целта на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство е усогласување на Законот со Директивата 2014/60/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 15.05.2014 година и на Регулативата (ЕУ) бр. 1024/2012.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
09.10.2017 - 30.11.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.kultura.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Други информации
:
/