Назив на папка
:
Закон за заштита и благосостојба на животните
Назив на министерство
:
Агенција за храна и ветеринарство
Назив на предлог прописот
:
Закон за дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните
Краток опис на проблемот
:
Со Закон за дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните се додаваат одредби во Законот за заштита и благосостојба на животните со кои се пропишува дека општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, треба да имаат одобрено прифатилиште за бездомните кучиња, а по исклучок општините кои имаат помалку од 30 000 жители и општините на градот Скопје да може да се групираат со една или повеќе соседни општини и да формираат регионално прифатилиште или да користат услуги од општините кои имаат одобрено прифатилиште.
Цел на предлог законот
:
Цел на законот е општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје да имаат одобрени прифатилишта за бездомните кучиња, а исто така, општините кои имаат помалку од 30 000 жители и општините на градот Скопје да можат да се групираат со една или повеќе соседни општини и да формираат регионални прифатилишта или да користат услуги од општините кои имаат одобрено прифатилиште.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
30.09.2016 - 30.11.2016
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Агенција за храна и ветеринарство
ул. III Македонска бригада бр. 20
1000 Скопје
е-пошта: info@fva.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
М-р Зоран Поповски, директор на Агенција за храна и ветеринарство
Други информации
:
Со предложениот Закон за дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните ќе се обезбеди повисок степен на заштита и благосостојба на бездомините кучиња.