Краток опис на проблемот
:
Со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој е донесен во 1998 година, се уредува употребата на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо.
Со Законот е утврдено дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и другите текстови наброени во овој закон, задолжително треба да се лекторираат.
Со Законот е утврдено дека лекторирањето може го да врши лице кое има лекторска лиценца, што ја дава Министерството за култура, по положен испит.
Со Предлогот на законот се пропишува постапката и начинот на полагање на испитот за добивање на лекторска лиценца.