Назив на папка
:
Закон за административни службеници
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Краток опис на проблемот
:
Делот од испитот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, содржани во актуелниот закон само ја усложнуваат постапката за селекција на кандидати за вработување, а притоа значително не придонесуваат за вработувања врз основа на заслуги.Нецелисходни се и барањата за меѓународно признатите сертификати за познавање на еден од трите светски јазици, што претставува и финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување.Во однос на постапката за унапредување, сегашното ригидно решение согласно кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамки на категоријата.Во Законот е регулирано дека оценувањето резултира со мерки за одличен и слаб ефект.Ако целта е подобрување на работењето на администрацијата и на услугите, тогаш сигурно овие мерки не придонесуваат за остварување на истата.
Цел на предлог законот
:
Предложените изменувања и дополнувања на Законот за административни службеници имаат за цел подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување, но ќе придонесе и за задржување на квалитетни и мотивирани вработени во јавната администрација во Република Македонија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
11.08.2017 - 08.09.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
cabinet@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
biljana.zagar@mioa.gov.mk
Други информации
:
/