Назив на папка
:
Закон за општата управна постапка
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и допонување на Законот за општата управна постапка
Краток опис на проблемот
:
Досегашната примена на Законот за општа управна постапка покажа дека не е воспоставен систем на воедначена управна пракса на ниво на јавните органи, постои висок процент на јавни органи кои од објективни причини (недостаток на правници) не можат да определат овластени лица за водење на управната постапка и воопшто не функционира или во многу мал процент функционира комуникацијата меѓу јавните органи во задолжителната електронска форма.
Оттука, измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка се во насока на негово допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка. Се вршат измени и во однос на запирањето на постапката и огласувањето на управен акт за ништовен. Исто така, предложжените измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка имаат за цел и негово усогласување со прописите од областа на електронското работење.
Цел на предлог законот
:
измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка се во насока на негово допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка. Се вршат измени и во однос на запирањето на постапката и огласувањето на управен акт за ништовен. Исто така, предложжените измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка имаат за цел и негово усогласување со прописите од областа на електронското работење.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.07.2019 - 22.07.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
biljana.zagar@mioa.gov.mk
aneta.ivanova@mioa.gov.mk
ana.cubrinoska@mioa.gov.mk
medina.hodza@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Жагар
Други информации
:
Предложените измени и дополнувања се во насока на подобрување на постоечките законски решенија