Назив на папка
:
Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата(„Службен весник на Република Македонија" бр.87/08 и 33/14), се уредени условите за стекнување и користење на правото на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок на невработените лица, на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 31 декември 2013 година и притоа се опфатени лицата кои оствариле право на паричен надоместок по 7 април 2000 година, во претпријатија со доминантна сопственост на државата. Со ваквото законско решение не се опфатени лицата на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок пред 7 април 2000 година, како и лицата кои по истиот основ оствариле право на паричен надоместок по 2013 година. Со Предлог-Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост
Цел на предлог законот
:
Со Предлогот на Закон се овозможува материјално обезбедување и на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот 1995-2017 година, по приватизација на претпријатието со доминантна државна сопственост.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
27.06.2017 - 27.06.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener@mioa.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
maleksevska@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Мирјанка Алексевска maleksevska@mtsp.gov.mk
Други информации
:
/