Назив на папка
:
Предлог закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела
Краток опис на проблемот
:
Причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и од член 53 став 3 точката 2 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/10 и 100/12), каде што е пропишано дека во согласност со посебните прописи жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, меѓу другото, има право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд под услови и на начин пропишан со посебен закон, доколку надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот
Цел на предлог законот
:
Целта на Законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди во сферата на правата на жртвите од кривични дела
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
16.09.2019 - 31.10.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk, nprokopenko@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
nikola.prokopenko@mjustice.gov.mk
Други информации
:
\