Назив на папка
:
Закон за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
АФПРЗ
Краток опис на проблемот
:
Измената и дополнувањето на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/2007 ; 5/2009; 43/14 ;193/15 и 39/16), е заради негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Македонија според инструментот за предпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој ИПА 2 како и подобрување на функционалноста на законот и доуредување на одредени постапки уредени со законот, заради поефикасно нивно спроведување.
Се предлага ново законско решение по однос на правата и обврските на вработените во кои се предвидува и процент за зголемување на платите на вработените како политика за задржување на кадрите, проблем со кој во последнитите неколку години се соочува Агенцијата поради одлив на високостручни кадри.
Се предлагаат нови законски рокови и соодветна дерогација од Законот за општа управна постапка
Цел на предлог законот
:
Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Македонија според инструментот за предпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој ИПА 2 како и подобрување на функционалноста на законот и доуредување на одредени постапки уредени со законот, заради поефикасно нивно спроведување.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
19.03.2018 - 13.04.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
maja.brajovik@ipardpa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Никола Бабовски
Други информации
:
/