Назив на папка
:
Закон за Судскиот совет на Република Македонија
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судски совет
Краток опис на проблемот
:
Во 2015 година беше донесен Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија со кој закон дел од надлежноста на Судскиот совет беше пренесена на овој орган, а чие основање наиде на критики од меѓународната јавност. Имено, во мислењето на Венецијанската комисија се наведува дека: „Функциите на Советот за утврдување на фактите треба да бидат префрлени во Судскиот совет, под услов членовите или телата на Судскиот совет вклучени во почетната фаза на дисциплинската постапка како што се „обвинители“ или „истражувачи“ да не учествуваат во конечната одлука како „судии“.Оваа препорака се имплементира со престанување на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и пренесувањето на целокупната постапка во надлежност на Судскиот совет, со тоа што членовите кои ја покренале постапката, како и членовите кои учествуваат во истрагата нема да имаат право на глас при одлучувањето за дисциплинска одговорност. Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон итна измена на одредбите од овој закон, со кој ќе се предвиди поголема транспарентноста во работата на Советот, ќе се поедностави дисциплинската постапка за утврдување на одговорноста на судија согласно меѓународните препораки и Програмата на Владата на Република Македонија за периодот од 2017-2020 година.
Цел на предлог законот
:
Цел на Законот е да се да се зголеми транспарентноста во работата на Советот и да се поедностави дисциплинската постапка за утврдување на одговорноста на судија а согласно меѓународните препораки и Програмата на Владата на РМ за периодот од 2017-2020 год.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
03.10.2017 - 31.10.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни расправи
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
valentina.saurek@mjustice.gov.mk
Други информации
:
/