Назив на папка
:
Закон за заштита на сведоци
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци
Краток опис на проблемот
:
Во Република Македонија заштитата на сведоци е регулирана со Законот за заштита на сведоци (Службен весник на РМ бр. 38/05 и 58/05). Имајќи предвид дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е основано со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на РМ бр.159/15 година), во кој се определени и надлежностите на ова јавно обвинителство, донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци произлегува од потребата од уредување на надлежноста на ова јавно обвинителство во постапката за заштита на сведоци. Целта за пристапување кон измени и дополнувања на законот е обезбедување на услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, (Службен весник на РМ, бр. 159/15) и обезбедување на целосна имплементација на начелото на автономија, односно обезбедување на услови за целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Воедно, со оваа законска измена ќе се изврши усогласување на домашното законодавство со европските и меѓународните стандарди преку нивно инкорпорирање во законските решенија.
Цел на предлог законот
:
Усогласување на одредбите од Законот за заштита на сведоци со одредбите на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
28.09.2017 - 31.10.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
nikola.prokopenko@mjustice.gov.mk
Други информации
:
!