Назив на папка
:
Предлог на Закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти
Краток опис на проблемот
:
Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 30 – Надворешни односи предвидено е усогласување со ЕУ Регулативата бр.2368/2002 од 20 декември 2002 година за имплементирање на шемата за сертифицирање за меѓународна трговија со необработени дијаманти во рамки на Процесот Кимберли. Со транспонирање на оваа Регулатива во законодавството на РМ ќе се обезбеди надзор над експлоатацијата и трговијата на т.н. конфликтни дијамнати. Во текот на втората половина од 2018 година, Министерството за економија, спроведе првични анализи на ефектите од примената на ЕУ Регулативата бр.2368/2002 од 20 декември 2002 година, во рамки на домашното законодавство, при што е констатирано дека не постојат правни препреки за донесување ново законско решение, со кое би се вовел посебен систем на контрола кој ќе се применува на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти.
Цел на предлог законот
:
Целта на предлог законот е регулирање на надворешно трговскиот режим на необработените дијаманти, со воведување посебен систем на контрола која што, покрај Царинската управа на Република Македонија, ќе ја спроведува и Министерството за економија како надлежен орган кој при увозот на необработените дијаманти ќе врши конфирмација на валидноста на документацијата во прилог на пратката со необработени дијаманти, додека при нивниот извоз, Министерството за економија ќе има надлежност да спроведе претходна постапка за сертифицирање.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
06.12.2018 - 04.02.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.economy.gov.mk
https://ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ilir.sabani@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Илир Шабани, Раководител на сектор за меѓународна трговска соработка тел. 3093 470
Други информации
:
Со цел да се обезбеди правилна имплементација на шемата за сертифицирање за меѓународна трговија со необработени дијаманти во рамки на Процесот Кимберли беа консултирани одредени законски решенија од законодавствата на други држави кои веќе се членки на ЕУ (Хрватска) и земји со кои веќе се отпочнати пристапните преговори (Република Црна Гора и Република Србија).