Назив на папка
:
Закон за заштита на децата
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата
Краток опис на проблемот
:
Потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата произлезе од праксата и по барање на родителите заради олеснување на постапката пред првостепените органи, центрите за социјална работа, при продолжувањето на правото на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот, за кое Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој, и кое е со траен наод.
Цел на предлог законот
:
Предложеното изменување и дополнување на Законот за заштита на децата е со цел за олеснување на постапката кај користењето на правото на посебен додаток со интервенирање во одредби од Законот за заштита на децата со тоа што кај правото на посебен додаток, за дете кое е остварено право на посебен додаток и кое е со траен наод, за наредната година да не се поднесува барање за продолжување на правото на посебен додаток.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
22.06.2017 - 22.07.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
www.mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
vera.ristovska@mtsp.gov.mk
EDimitrovska@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Вера Ристовска
vera.ristovska@mtsp.gov.mk
Други информации
:
/