Назив на папка
:
Закон за административни службеници
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за административни службеници
Краток опис на проблемот
:
Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за административни службеници.
Цел на предлог законот
:
Донесување на нов закон
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
12.11.2020 - 01.02.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
- Јавна расправа организирана преку електронски интерактивни алатки
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ljupka.ivanovski@mioa.gov.mk, laura.idrizi@mioa.gov.mk, saso.mitev@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Љупка Ивановски, Лаура Идризи, Сашо Митев
Други информации
:
Со донесување на новото законско решение се очекува подобрување на постојните законски решенија