Назив на папка
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за трговија се уредуваат условите и начинот за вршење на трговија на внатрешниот и надворешниот пазар, мерките на ограничување на вршење на трговијата и заштитните мерки. Во рамки на делот за вршење трговија, законот го уредува и работното време на трговците. Согласно постојното законско решение, работното време го утврдува трговецот зависно од бројот на вработените, при што должината и распоредот на работното време што трговецот самостојно го утврдил треба да се усогласат со правата, обврските и одговорностите на вработените од работен однос утврдени со закон со кој се уредуваат работните односи.
Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи се врши создавање законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос обезбедување на користењето на ова право.
Цел на предлог законот
:
-уредување на работното време во трговијата во недела и на празници, како и утврдување на исклучоците во трговијата на мало за кои ке биде дозволено работа во ден недела и на празници и
-овозможување на трговците регистрирани во држави членки на Европскиот економски простор, слободно да вршат трговија на територијата на Република Северна Македонија, по пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија,
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.11.2020 - 30.04.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.economy.gov.mk
https://ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ilir.sabani@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Додевска, државен советник за евроинтеграции и меѓународна соработка / тел.023093496
Други информации
:
/