Назив на папка
:
Закон за вршење на сметководствени работи
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи
Краток опис на проблемот
:
1.Сметководителите и овластените сметководители кои имаа добиено уверение од министерот за финансии можеа до 15.12.2016 година да поднесат барање за замена на истите до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Дел од нив од различни причини не ги замениле уверенијата, односно го пропуштиле рокот и не можат да вршат сметководствени работи.
2.Според податоците на Институтот, 1.726 сметководители односно овластени сметководители кои ги замениле уверенијата, во рокот од 60 дена согласно законот не поднеле посебно барање за запишување во соодветните регистри во Институтот и истите немаат право да вршат сметководствени работи.
3. Од реакциите на сметководителите и овластените сметководители се утврди дека пропишаниот број на часови за континуирано професионално усовршување на годишно и тригодишно ниво е преобемен и претставувапретставува дополнителен финансиски товар за сметководителите и овластените сметководители.
Цел на предлог законот
:
- пропишување на нов рок за поднесување на барање за замена на уверенијата за сметководител и овластен сметководител издадени од министерот за финансии кои го пропуштиле првиот законски рок во 2016 година,
- пропишување на нов рок за упис во Регистарот на сметководители и овластени сметководители за лицата кои извршиле замена на уверенијата за сметководител и овластен сметководител но не се упишале во соодветниот Регистар и
- намалување на бројот на часови за континуирано професионално усовршување
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
10.11.2017 - 30.11.2017
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
boban.stojanoski@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Бобан Стојаноски
Други информации
:
/