Назив на папка
:
Закон за трговските друштва
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, со Предлог на Закон
Краток опис на проблемот
:
Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 3.06. Право на трговските друштва, врз основа на препораката од Извештајот на Европскта комисија за прогресот на Република Македонија, од 2018 година, предвидено е доусогласување со Директивата 2005/56/ЕК за прекугранично спојување на друштвата со ограничена одговорност, заменета со ДИРЕКТИВАТА (ЕУ) 2017/1132, врз основа на која, се подготвени измените на Законот за трговските друштва, во Десетта глава – А. Прекугранично спојување со друштва од Европската унија.
Не се евидентирани проблеми во овој дел, бидејки според членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.48/2010) одредбите за прекугранично спојување имаат одложена примена со денот на пристапување на Република Македонија во членство на Европската унија.
Цел на предлог законот
:
Со Предлог Законот се воведуваат нови одредби во Десетта глава – А. Прекугранично спојување со друштва од Европската унија, кои имаат за цел доусогласување со европското законодавтсво во делот наЧ
-делокругот на примената на одредбите од Десетата глава-А,
-начинот на објавување на заедничкиот предлог со условите за прекугранично спојување, и
-учеството на вработените во одлучувањето во друштвото.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.10.2008 - 30.04.2009
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.economy.gov.mk
https://ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
e-mail: vesna.jovanovska@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Весна Јовановска, советник во Сектор за меѓународна трговска соработка / тел.023093509
Билјана Додевска, државен советник за евроинтеграции и меѓународна соработка / тел.023093496
Други информации
:
/