Назив на папка
:
Закон за безбедност на храната
Назив на министерство
:
Агенција за храна и ветеринарство
Назив на предлог прописот
:
Закон за измени и дополнувања на Закон за безбедност на храната
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за безбедност на храната („Службен весника на Република Македонија“ број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18) се воспоставени основни правила за безбедност на храната и храната за животни и е предвидено активностите кои можат да имаат влијание на безбедноста на храната и храната за животни или на заштитата на интересите на потрошувачите во однос на храната и информациите за храната да бидат спроведени во согласност со специфичните барања. Со истиот, се постигна запазување на начелата, приоритетите и условите за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија од областа на безбедноста на храната и храната за животни.
Меѓутоа, донесеното новозаконодавство на Европската унија, од областа на безбедноста на храната и храната за животни, не е преземено во постојниот Закон за безбедност на хрната, како на пример одредбите за специфичните официјални контроли во врска со нус-производите од животинско по
Цел на предлог законот
:
Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната има за цел да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето како и заштита на интересите на потрошувачите во однос на храната, да го регулира внатрешниот промет со одредени видови на храна, како посоодветно и поблиску и да го уреди спроведувањето на официјалните контроли
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
06.05.2018 - 21.10.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
nstojkovska@fva.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
nstojkovska@fva.gov.mk
stmickova@fva.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Зоран Атанасов
Други информации
:
законот е во финална фаза на подготовка