Назив на папка
:
Закон за лицата без регулиран граѓански статус
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за лицата без регулиран граѓански статус
Краток опис на проблемот
:
Со овој Закон се уредува начинот на прибирање и евиденција на личните податоци за лицата без регулиран граѓански статус, видот на податоците што се евидентираат, постапката (начинот) за стекнување својство на лице со посебен граѓански статус за лица без регулиран граѓански статус и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените согласно закон.
Цел на предлог законот
:
Цел на овој закон е стекнување на својство на лице со посебен граѓански статус, заради остварување на право за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно закон.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
03.06.2019 - 29.06.2019
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ener@mioa.gov.mk; www.mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
AGjorgjieski@mtsp.gov.mk
Други информации
:
нема