Заради одржување на јавна расправа, Министерство за финансии ги известува засегнатите страни дека Предлог на Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се става на јавен увид.
Јавниот увид во Предлог на Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам може да се изврши на следната електронска адреса: contact@ufr.gov.mk или во просториите на Министерство за финансии почнувајќи од 31.03.2021 заклучно со 30.04.2021.
Јавната расправа за Предлог на Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам ќе се одржи на 05.05.2021, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.
Благодарност за соработката