Заради одржување на јавна расправа, Министерство за информатичко општество и администрација ги известува засегнатите страни дека Предлог Кодекс за административни службеници се става на јавен увид.
Јавниот увид во Предлог Кодекс за административни службеници може да се изврши на следната електронска адреса: www.ener.gov.mk или во просториите на Министерство за информатичко општество и администрација почнувајќи од 08.04.2021 заклучно со 23.04.2021.
Јавната расправа за Предлог Кодекс за административни службеници ќе се одржи на 28.04.2021, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.
Благодарност за соработката