Во изминатиот период во Министерството за дигитална трансформација се работеше на подготовка на Национална стратегија за сајбер безбедност 2024-2028.
Во подготовка на Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028 работеше меѓуресорска работна група составена од членови од повеќе институции.
Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028 на Република Северна Македонија е стратешки документ чија цел е, преку цел дијапазон на активности и мерки, да обезбеди безбедна, еластична и доверлива дигитална средина, која ја прави Република Северна Македонија безбедно место за онлајн делување и работа, со напредни човечки и технички капацитети.
Јавната расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност е закажана на 01.11.2024 год со почеток од 10:00 часот во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.