Најава Најава
Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството .

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ПРОПИС: Предлог на Закон за данок на моторни возила

Министерство за финансии
29.08.2019
Закон
Отворен
Со новиот Закон за акцизите објавен во ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.108 од 28.05.2019 година, оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон. Од таа причина истото ќе се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

27.09.2019 Борче Домлевски

Почитувани,

Во прилог Ви ги доставувам коментарите и забелешките во врска Предлог Законот за данок на моторни возила.

Со почит,

Борче Домлевски
Прикачен документ на коментарот 387_Допис_за_предлог_закон_за_данок_на_моторни_возила192750782.docx

27.09.2019 Борче Домлевски

Почитувани,

Во врска објавениот Предлог – Закон за данок на моторни возила, а за кој во просториите на Царинската Управа на Република Северна Македонија беше одржан состанок со преставниците од автоиндустријата на кој беше презентиран истиот Ви ги доставувам следните забелешки и прелози во врска предлог законот:

1.Во член 3 “ Дефиниции” став 11 и 12 да се дефинираат прецизно дефинициите за возилата “VAN” и “Pick –up” бидејќи одредени моторни возила кај одреден произведувач се вика Ван а кај друг истиот е дефиниран со друго име со што импортерите на моторни возила не се доведат за заблуда при поднесување пријава за плаќање на данокот за моторни возила
2. Во член 6 став 1 алинеја 1 ослобудувањето од данокот на моторни возила да се однесува и за специјалните полициски возила наменети за превоз на лица ( специјални возила наменети за припадниците на единицата за брзо распоредување, специјалните сили на полицијата, возилата за превоз на приведени или осудени лица), противпожарните возила за брза интервенција каде имаме превоз на минимум 3 пожарникари, како и специјалните возила за превоз на инвалидизирани лица
3.Глава 6 – Враќање на платен данок на моторни возила – во член 19 став 1 наместо враќањето на платениот данок на моторното возило да биде 45 дена сметано од датумот на првата регистрација до денот на извозот на моторното возило, предлагам да биде 120 дена бидејќи времето е прекратко доколку се работи за оштетено возило за кои истото нема да мозе да се доработи во лимарските или механичарските овластени сервиси за предвидениот рок,како и краткиот рок за логистичка подршка, бидејќи членот се однесува исклучително за правни лица. Исто така потребно е да се дефинира времетраењето на самата одјава со целосната пропратна документација.
4,Во член 21 “Враќање данок на моторни возила во посебни случаи” во став 1 истиот да се однесува и за моторни возила со седум седишта вклучувајќи го седиштето за возач со што ќе се подобри квалитетот на такси превозот во република Северна Македонија од аспект на екологија и безбедност на патиштата и на патниците
5,Во член 21 став 2 намалувањето на данокот за моторни возила од 80% да се однесува и за Rent a car возилата со што ќе се потикнат компаниите да ги обноват своите возила со што ќе се постигне квалитет во сообраќајот од аспект на екологија и безбедност што е цел на овој Предлог закон.

20.09.2019 Биљана Муратовска

ЦЕЛ НА ЗАКОНОТ - Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид - ЦО2 изразена во грамови по километар. На овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерод диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Почитувани, согласно фактот дека се работи за совет и примена на европските практики сметам дека треба да се има во предвид дека Данок на возила во државите членки на ЕУ се плаќа на сите возила годишно согласно емисијата на издувни гасови, но притоа во сите овие држави укинат е надоместокот за користење на патишта кој сите иматели на возила го плаќаат при годишна регистрација.

Увозот на возила и со кој еуро стандард се увезуваат (за сите возила) се одредува согласно подзаконски акти на Законот за возила, моментално е одреден Еуро 4 стандард (повеќе години) со исклучок на специјални возила кои се дефинирани со Закон за возила. Што значи дека со новиот данок на возила нема да се оствари целта „На овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерод диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните“.

Очигледно дека со новиот закон се прави некој микс меѓу оваа пракса во ЕУ и она што може да се примени кај нас само за одредена група на возила, што значи дека и понатаму проблемот со т.н „црни возила“ (еуро стандард 0, 1, 2 и 3) кои ја загадуваат животната средина остануваат иако само во превозот на стока во јавниот превоз и оние кои се користат за сопствен превоз изнесуваат 60% од евидентираните возила во Министерството за транспорт и врски.
Останува исто така и фактот да плаќаш поголем надомест за користење на патиштата ако имаш поново и помоќно возило (киловат) иако е полесно и помалку ја загадува животната средина, не ги оптеретува патиштата и има поголема безбедност во сообраќајот споредено со т.н „црни возила“.

Доколку се има намера да се направи одредено усогласување со ЕУ законодавството, потребно е во целост да се преземе нивниот начин на пресметување на данок на возила, да се укине патната такса за користење на патишатата, а на Јавното претпријатие за патишта да остане наплатата на патарината, но истата да почне да се наплатува исто така според еуро стандарди на возилата, ако сакаме да ја зачуваме животната средина и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Со почит,
Биљана Муратовска
<< < 1 2 > >>