Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армија на Република Македонија

Министерство за одбрана
05.04.2019
Закон
Отворен
Донесување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армија на Република Македонија
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

21.08.2019 Марија Ѓоршевска

1. Во членот 25 од предлогот за изменување и дополнување на Зконот за служба во Армијата не Република Македонија, за дополна на член 53 од постоечкиот закон које е на сила „Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 132/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15,193/15 и 71/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19), со нов став 3 кој се однесува на оценувањето со степен на оценување „особено се истакнува“ само 25% од вкупниот број на персоналот по категории на служби во Армијата, таму каде што тоа е применливо, е противречно од причина што оценувањето на активниот воен персонал не се врши по категории на служби туку согласно член 53 став 1 го врши првопретпоставениот и второпретпоставениот старешина или раководен државен службеник со високо образование, независно еден од друг.
Оваа одредба може да се однесува само на 25% од вкупниот број на персоналот кој се оценува од страна на ист непосредно претпоставен старешина и смеатам дека е потребно да се измени нацрт-одредбата и истата да гласи
„ со степен на оценка „особено се истакнува“ може да бидат оценети само 25% од вкупниот број на персонал кој ги оценува ист непосредно претпоставен старешина или раководен државен службеник со високо образование, таму каде што тоа е применливо, односно бројот на оценувани не е помал од 4“
2. Во членот 26 од предлогот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување на член 57 од законот кој е на сила не е предвиден подзаконски пропис за начинот на оценување на цивилниот персонал на служба во Армијата.
Затоа предлагам во член 56 од законот кој е на сила да се додаде и цивилен персонал и членот 56 би гласел
„Начинот на службеното оценување на активниот воен и цивилен персонал, активниот резервен персонал и за офицерите односно подофицерите и војниците во резервниот состав на Армијата, начинот на водење на евиденција потребна за службено оценување и видовите на обрасците на оценувачкиот лист, поблиску ги пропишува министерот за одбрана“.
3. Со членовите 27 и 28 од предлогот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, се предлага изменување и дополнување на членот 60 и 61 кои се на сила, односно се предлага измена на член 60 ставот 1 и додавање на став 2 на истиот член, додека со членот 28 се предлага целосно изменување на членот 61 од постоечкиот закон.
Со вака предложените измени и дополни на законот може да се утврди фактот дека допонително се отежнуваат условите за унапредување, односно унапредување една година порано во непосредно повисок чин на активниот воен персонал и речиси кај сите чинови се зголемуваат годините на нивното носење.
Во член 60 ставот 2 од законот, се предлагаЧ
„Покрај условите од став 1 на овој член, за офицерите кои се унапредуваат во чин мајор и повисоко, задолжително е познавање на најмалку еден од службените јазиците во употреба во НАТО, ниво 2.2.2.2. по СТАНАГ 6001“.

Додека со членот 61 се предлагаЧ
„Член 61
(1) Офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин, ако во чинот што го има поминал најмалку:
- во чин потпоручник...........................................................2 години
- во чин поручник...................................................................4 години
- во чин капетан.......................................................................6 години
- во чин мајор.............................................................................5 години
- во чин потполковник.........................................................5 години
- во чин полковник.................................................................5 години
- во генералски чин................................................................3 години.

(2) Офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин една година порано од времето пропишано во став (1) на овој член, само ако:
- три пати последователно е оценет со степен „особено се истакнува”, по сите критериуми од член 52 став (1) од овој законч
- извршува командна или раководна должностч
- постигнува исклучителни резултати во командувањето или раководењето и
- е предлог на два кадровски совети на ниво бригада или повисоко.“

Сметам дека со вака прдложените услови за редовно унапредување, односно унапредување една година порано во повисок чин, во иднина би донел стагнирање на поголем број на млад кадар кои не по своја вина му се давала шанса за упатување во разни курсеви за изучување на странски службен јазик кој е во употреба во НАТО.
Со вака поставените услови сметам дека голем број на припадници на Армијата ќе се деморализираат со оглед на фактот дека не ќе можат да се унапредат во непосредно повисок чин и дека оваа би било уште една причина плус за да го стават во знак прашање нивниот понатамошен ангажман во самата Армија.
Затоа предлагам членот 60 од законот кој е на сила да не се дополни со нов став 2.
Ова го предлагам од причина што веќе со Описот и пописот на работното место кој произлегува од актот за формација на Армијата, за секое формациско место е прдвидено ниво на познавање на странски службен јазик кој е во употреба во НАТО, услов кој треба да го исполни секој припадник на Армијата, пред да биде поставен на таквото место.

21.08.2019 Марија Ѓоршевска


- Како второ, мора да се предвидат години на оставрен стаж во Министерството за одбрана односно Армијата, ова од причина што во иднина може да доаѓа до злоупотреба на самиот член на начин на префлување на лица од други министерства во нашето, а тоа ќе значи и овозможување на уживањето на правото на пензија согласно поволностите што ги дава членот 218-а од предложениот закон.

5. Со членот 55 од предлогот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, се предлага нов член 223-в кој гласиЧ

Член 223 - в
(1) Во случај на откажување на договор за вработување, кога ќе настанат промени во актот за формација на Армијата, односно актот за систематизација на Министерството, кое предизвикува укинување на единица, команда, штаб или укинување на формациско место, односно работното место, активниот воен и цивилен персонал може да оствари право на пензија согласно одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.“

Додека во Член 218 –а став 2 од истиот предлог се предвидува декаЧ


(2) По исклучок од став (1) на овој член, кога ќе настанат промени во актот за формација на Армијата, односно актот за систематизација на Министерството кое предизвикува укинување на единица, команда, штаб или укинување на формациско место, односно работното место, при што во рок од 60 дена нема можност активниот воен и цивилен персонал да биде поставен на друго формациско, односно работно место, му престанува работниот однос со остварување на право на пензија со навршени 55 години возраст или 36 години пензиски стаж, од кои најмалку 20 години пензиски стаж остварен во Армијата, односно навршени 55 години возраст или 25 години пензиски стаж, од кои најмалку 15 години пензиски стаж остварен во Армијата.

На мислење сум дека овие два члена терминиолошки се многу блиски и се остава простор за нивно различно толкување и манипулирање на штета на вработените поради следното:

- Доколу при настанати промени во актот за формација на Армијата, односно актот за систематизација на Министерството, кое предизвикува укинување на единица, команда, штаб или укинување на формациско место, односно работното место, односно по завршувањето на истите промени, но пред истекување на рокот од 60 на активниот воен и цивилен персонал пред да биде поставен на друго формациско, му се откажува договорот, во тој случај вработениот ги губи сите права и поволности од овој закон, а пензионирањето ќе биде согласно одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Поради тоа предлагам членот 223-в да се брише од предлогот.
- Ова од самиот факт дека доколку на некого му го откажуват договор за вработување за него по автоамтизам не важат одредбите од Законот за служба на Армијата на Република Северна Македонија, што заначи дека за негово пензионирање важат истите општите прописи кои важат за сите граѓани на Републиката, поради што не ја гледам причината и нејасне ми е целта за постоењето на овој член во предложениот закон.

- Исто така сметам дека вака предложениот член не е во согласност со темелната вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија, според која принципот на владеење на правото го обврзува законодавецот да пропишува прецизни, недвосмислени и јасни норми кои ќе ја гарантираат правната сигурност на граѓаните.


21.08.2019 Марија Ѓоршевска

1. Во членот 25 од предлогот за изменување и дополнување на Зконот за служба во Армијата не Република Македонија, за дополна на член 53 од постоечкиот закон које е на сила „Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 132/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15,193/15 и 71/16 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19), со нов став 3 кој се однесува на оценувањето со степен на оценување „особено се истакнува“ само 25% од вкупниот број на персоналот по категории на служби во Армијата, таму каде што тоа е применливо, е противречно од причина што оценувањето на активниот воен персонал не се врши по категории на служби туку согласно член 53 став 1 го врши првопретпоставениот и второпретпоставениот старешина или раководен државен службеник со високо образование, независно еден од друг.
Оваа одредба може да се однесува само на 25% од вкупниот број на персоналот кој се оценува од страна на ист непосредно претпоставен старешина и смеатам дека е потребно да се измени нацрт-одредбата и истата да гласи
„ со степен на оценка „особено се истакнува“ може да бидат оценети само 25% од вкупниот број на персонал кој ги оценува ист непосредно претпоставен старешина или раководен државен службеник со високо образование, таму каде што тоа е применливо, односно бројот на оценувани не е помал од 4“
2. Во членот 26 од предлогот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување на член 57 од законот кој е на сила не е предвиден подзаконски пропис за начинот на оценување на цивилниот персонал на служба во Армијата.
Затоа предлагам во член 56 од законот кој е на сила да се додаде и цивилен персонал и членот 56 би гласел
„Начинот на службеното оценување на активниот воен и цивилен персонал, активниот резервен персонал и за офицерите односно подофицерите и војниците во резервниот состав на Армијата, начинот на водење на евиденција потребна за службено оценување и видовите на обрасците на оценувачкиот лист, поблиску ги пропишува министерот за одбрана“.
3. Со членовите 27 и 28 од предлогот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, се предлага изменување и дополнување на членот 60 и 61 кои се на сила, односно се предлага измена на член 60 ставот 1 и додавање на став 2 на истиот член, додека со членот 28 се предлага целосно изменување на членот 61 од постоечкиот закон.
Со вака предложените измени и дополни на законот може да се утврди фактот дека допонително се отежнуваат условите за унапредување, односно унапредување една година порано во непосредно повисок чин на активниот воен персонал и речиси кај сите чинови се зголемуваат годините на нивното носење.
Во член 60 ставот 2 од законот, се предлагаЧ
„Покрај условите од став 1 на овој член, за офицерите кои се унапредуваат во чин мајор и повисоко, задолжително е познавање на најмалку еден од службените јазиците во употреба во НАТО, ниво 2.2.2.2. по СТАНАГ 6001“.

Додека со членот 61 се предлагаЧ
„Член 61
(1) Офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин, ако во чинот што го има поминал најмалкуЧ
- во чин потпоручник...........................................................2 години
- во чин поручник...................................................................4 години
- во чин капетан.......................................................................6 години
- во чин мајор.............................................................................5 години
- во чин потполковник.........................................................5 години
- во чин полковник.................................................................5 години
- во генералски чин................................................................3 години.

(2) Офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин една година порано од времето пропишано во став (1) на овој член, само ако:
- три пати последователно е оценет со степен „особено се истакнува”, по сите критериуми од член 52 став (1) од овој законч
- извршува командна или раководна должностч
- постигнува исклучителни резултати во командувањето или раководењето и
- е предлог на два кадровски совети на ниво бригада или повисоко.“

Сметам дека со вака прдложените услови за редовно унапредување, односно унапредување една година порано во повисок чин, во иднина би донел стагнирање на поголем број на млад кадар кои не по своја вина му се давала шанса за упатување во разни курсеви за изучување на странски службен јазик кој е во употреба во НАТО.
Со вака поставените услови сметам дека голем број на припадници на Армијата ќе се деморализираат со оглед на фактот дека не ќе можат да се унапредат во непосредно повисок чин и дека оваа би било уште една причина плус за да го стават во знак прашање нивниот понатамошен ангажман во самата Армија.
Затоа предлагам членот 60 од законот кој е на сила да не се дополни со нов став 2.
Ова го предлагам од причина што веќе со Описот и пописот на работното место кој произлегува од актот за формација на Армијата, за секое формациско место е прдвидено ниво на познавање на странски службен јазик кој е во употреба во НАТО, услов кој треба да го исполни секој припадник на Армијата, пред да биде поставен на таквото место.
4. Во членот 55 од предлогот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, во глава ЏЏ. ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, меѓудругото се предлага дополнување на законот со нов член 218 –а, кој гласи:
Член 218 –а
(1) На активниот воен и цивилен персонал му престанува работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија, со навршување на 40 години пензиски стаж и навршени 55 години возраст.

Предлагам во членот 218-а да се измени и исиот да гласи:
(1) На активниот воен и цивилен персонал му престанува работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија, со навршување на 55 години возраст или 40 години пензиски стаж, од кои најмалку 20 години пензиски стаж остварен во Министерството за одбрана односно Армијата“.


Ова го предлагам од следните причини:

- Како прво, измена на сврзникот „и“ со зборот „или“ е неопходна од причина што согласно член 79 став 1, точка 3 под б) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.98/12,466/12,15/13,170/13,43/14,44/14,97/14,113/14,160/14,188/14,20/15,61/15,97/15,129/15,147/15,154/15/,173/15,217/15,27/15,120/16,132/16 и 35/18) во Глава ЏИИ „Стекнување и остварување на посебни услови “ Осигуреници од одбрана се предвидува дека „вршење на должност во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, а кои ги утврдува Владата на Република Македонија по предлог на министерот за одбрана“.

Од ова може да се заклучи фактот дека, сите припадници на Армијата не го уживаат правото на Осигурување под посебни услови, дека ова право е лимитирано до ниво на бригада (каманда на корпус и воени установи со формација на Армијата повеќе не постојат) и дека оваа одредба не се однесува за Генералштабот на Армијата, Здружената оперативна команда, Командата за обука и доктрини и Командата за резерви сили.
Согласно оваа има припадници на Армијата кои во својата кариера немаат ниту еден ден бенефициран стаж и доколку се има предвид членот 32 став 1 алинеја 3 и член 34 став 1 алинеја 7 од Законот за служба во АРМ, како услов за прием на офицер е „да не е постар од 30 години“ и за подофицер е „да не е постар од 33 години“, што занчи дека оваа категорија на лица не ќе можат да го исполнат условот на „40 години стаж“ и со нивното навршување на 64 години живот. Вака предвидените услолови „55 години живот и 40 години стаж“, не по своја вина оваа категорија на лица ги става во нерамноправна положба со останатиот воен персонал.


Прикачен документ на коментарот 382_Predlog_Zabeleshki776618101.doc
Прикачен документ на коментарот 383_Predlog_Zabeleshki1098557208.doc
<< < 1 2 3 4 5 6 > >>