Агенција за храна и ветеринарство
15.10.2018
Закон
Отворен
Со Законот за безбедност на храната („Службен весника на Република Македонија“ број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18) се воспоставени основни правила за безбедност на храната и храната за животни и е предвидено активностите кои можат да имаат влијание на безбедноста на храната и храната за животни или на заштитата на интересите на потрошувачите во однос на храната и информациите за храната да бидат спроведени во согласност со специфичните барања. Со истиот, се постигна запазување на начелата, приоритетите и условите за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија од областа на безбедноста на храната и храната за животни.
Меѓутоа, донесеното новозаконодавство на Европската унија, од областа на безбедноста на храната и храната за животни, не е преземено во постојниот Закон за безбедност на хрната, како на пример одредбите за специфичните официјални контроли во врска со нус-производите од животинско по