Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

22.02.2018 Асоцијација Превозник Скопје

Во член 34 се додава нов став (8) кој гласи: „По исклучок од став 7 на овој член картицата се заменува по службена должност врз база на прилози доставени со првото барање за издавање на мемориска картица при констатирани технички грешки во картицата (не се снимаат податоци) во период на важноста на истата и не се констатирани механички оштетувања.
Ставовите 8, 9, 10 и 11 стануваат ставови 9, 10, 11 и 12
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Возачот и вршење на неговите работни задачи директно се поврзани со поседување и користење на мемориска картица, фактот дека навреме ја обезбедиле дава за право да се заштитат неговите права во случаи кога поради неквалитет на мемориската картица мора по итна постапка картицата да му се замени со цел да не губи работни денови 7 или 15 кои за него значат егзистенција, а за работодавачот извршување на редовни работни задачи и зачувување на договорените работи без дополнителни трошоци.
Во член 34 во став 9 да се избришат зборовите „во рок од 15 дена“ и да се заменат со зборовите „не подоцна од 7 дена“
Став 9 ќе гласи: „По барањето за издавање на мемориски картички издавачот на картички одлучува во рок не подоцна од 7 дена од денот на поднесување на комплетното барање.
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Во услови на воспоставени електронски комуникации и размена на податоци неопходни за проверка на доставените податоци заедно со барањето издавањето на мемориската картица за возачи не смее да трае подолго од 7 дена затоа што истата е основно орудие за управување со возилата и секое подолго задржување значи директно нанесување штета и на возачот и на превозникот.

26.02.2018 Министерство за транспорт и врски

Ви благодримe на дадениот коментар.
Службите во Министерсвото за транспорт и врски истиот ќе го разгледаат, при што ќе се има во предвид и мислењето на Секретаријатот за законодавство.

22.02.2018 Асоцијација Макам-транс Скопје

Во член 2 став 1 во заградата се додаваат зборовите „издавач на тахографска картица” за да се усогласи со целокупниот опсег за примена на законот на видови правни субјекти дадени во член 1 од истиот каде јасно се наведува што се се уредува со предметниот Закон.
Во член 3 став 1 точка 18 на крајот од реченицата зборовите „период од 24 часа” се заменуваат со зборовите „периоди од по 24 часа”
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Работното време на возачот не вклучува само одреден период од 24 часа туку период во континуитет од повеќе 24 часовни периоди работа, особено поради неговата мобилност и вршење на работни активности надвор од базата на превозникот, односно надвор и од државата при што се вклучени и периоди на задолжителни дневни и неделни одмори кои се користат во возилото, без притоа возачот да се враќа во своето живеалиште како што е случај со другите работници.
Во членот 3 два пати има точка 18 со што редните броеви од 18 (вториот запис) па се до 43 треба да се поправат за еден број плус и тоа:
18. „Работно време" и
18. „Период на достапност" што значи дека овој запис треба да биде точка 19, а точките 19,20,21,22,23,24,25,26,27,28,29,30,31,32,33,34,35,36,37,38,39,40,41 и 42 кои исто така се измешани стануваат точки 20,21,22,23,24,25,26,27,28,29,30,31,32,33,34,35,36,37,38,39,40,41,42 и 43
Во членот 3 точка 19 која станува точка 20, зборовите во текстот „точка 18“ се заменуваат со „точка 19“
Во став 5 од член 11, бројот „19” се замeнува со бројот „20“
Во став 6 од член 11, бројот „18” се замeнува со бројот „19“
Во член 12 став 4 зборот на почетокот од ставот „Времето” се заменува со „Периодот“ заради усогласување со термин за дефиниција даден во член 3 став 1 точка 19
Во став 4 од член 12, по бројот „19” се додава „и 20“ со што се опфаќаат двете дефиниции за „период на достапност” и „друга работа“
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Промените во член 3, 11 и 12 се неопходна поради грешка во редоследот на дефинициите дадени во членот 3 од законот и самите дефиниции кои значат дообјаснување особено во член 12 од законот.
Во член 34 се додава нов став (8) кој гласи: „По исклучок од став 7 на овој член при констатирани технички грешки во картицата (не се снимаат податоци) во текот на важноста на истата при што не се констатирани механички оштетувања, картицата се заменува по службена должност врз база на прилози доставени врз основа на првото барање за издавање на мемориска картица.“
Ставовите 8, 9, 10 и 11 стануваат ставови 9, 10, 11 и 12.
ОБЈАСНУВАЊЕ:
При појава на ваков вид на грешки, односно оштетени чипови за снимање во процесот на изработка на картицата досега возачите мораа одново да ја поминат целата процедура и без нивна вина да платат дупло за добивање на нова исправна мемориска картица, со овој став се прецизира постапката за бесплатна замена на истата и без доставување нови прилози на барањето за добивање замена на расипана мемориска картица по скратена односно итна постапка со цел да не се нанесува штета на превозникот, но и директно на возачот од аспект за зачувување на неговите права за остварување на средства за егзистенција за себе и за своето семејство.
Во член 34 во став 9 по зборовите „во рок“ се додаваат зборовите „не подоцна“.
Став 9 ќе гласи: „По барањето за издавање на мемориски картички издавачот на картички одлучува во рок не подоцна од 15 дена од денот на поднесување на комплетното барање.
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Ова е усогласување со дефинирање на роковите во Закон за општата управна постапка при што се одредува крајниот рок за постапување што не треба да значи дека и пред тој рок не треба да се завршат обврските кои се преземени со јавното овластување. Реализацијата на барањето мора да биде во што пократок рок затоа што возач без мемориска картица цели 15 дена значи и нефункционалност на возилото со кое управува и со тоа се нанесува штета и на превозникот кој врши соодветна дејност (превоз на стока или патници). Кога се наведуваат зборовите „во рок“ често пати одредени службени лица сметаат дека треба да се запази пропишаниот рок во целина, наместо да ја забрзаат процедурата во интерес на странките.
Во член 45 став 2 и член 50 став 1 по зборот „сообраќај” се додава „ ,” и реченицата, „овластениот инспектор на општината или овластените инспектори на градот Скопје за патен сообраќај”
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Ова допрецизирање е со цел да се дефинираат правата и обврските кои ги имаат општинските инспектори и инспекторите на град Скопје при вршење на контрола согласно со овој Закон.
Ова усогласување е во согласност и со надлежностите кои се дадени на државни органи согласно член 48 каде треба да се изработат програма за работа, што значи дека треба да се дефинираат и нивните права како и за другите надзорни органи.

„Член 48
(1)Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, односно градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје донесува годишна програма за работа на Државниот инспекторат за транспорт односно општинскиот инспекторат и подготвува месечни планови за работа на инспекторатот.
(2) Директорот најдоцна до 1 март во тековната година, до Инспекцискиот совет доставува годишен извештај за работата на инспекторатот за претходната, а градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје до советот на општината, односно до Советот на градот Скопје, најдоцна до 31 март во тековната година.
Во член 52 во став 4 точка 1 по зборот „одмор” се додава запирка и зборовите „работно време на возачот”,
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Ова допрецизирање е со цел да се земат во предвид и контроли кои го проверуваат и работното време на возачот во периодот од 28+1 ден при контрола на пат, односно во период од 24 часа активност на возачот која не смее да биде подолга од 14 часа или доколку има ноќна работа не подолго од 10 часа.
Во член 57 да се одреди прекршок доколку превозникот од дигиталниот тахограф не извршил бришење или заклучување на податоци (за возило под наем) внесени во тахографот на возилото за претходниот сопственик на возилото кое е во негова сопственост или купено на лизинг или земено под наем.
Објаснување:
Ова е прекршочна мерка која во последните неколку месеци се интензивира при вршење на контрола од страна на државите членки на ЕУ, особено поради фактот што се појавуваат податоци за друг превозник при преземање на податоци од дигиталниот тахограф различен од податоците внесени во сообраќајната дозвола на возилото. Се работи за обврска која ја имаат превозниците при купување на возило од втора рака или кога користат возило под наем треба да ги внесат тие податоци во дигиталниот апарат преку овластена работилница како би се знаело точно кој го користи возилото и каде се вработени возачите.
<< < 1 2 3 > >>