Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за извршување на санкциите

Министерство за правда
27.12.2017
Закон
Отворен
Причините за донесување на овој Предлог-закон произлегуваат од потребата на измена на законската регулатива во системот на извршување на санкции. Исто така потребата за донесување на законот произлезе од Националната Стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2015-2019), која е усвоена од Владата на РМ и чија основна цел е да се понудат реални решенија за подобрување на состојбата во затворите, како и услогласување на Законот за извршување на санкциите со новиот Закон за пробација (“Службен весник на РМ”бр. 226/2015).
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

22.10.2018 Наип Мустафи

Предложената одредба во член 13 од предлогот презентиран на ЕНЕР не е во согласност со Уставот и законот за употреба на јазиците..
Предлог - Одредбите од Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа соодветно се применуваат во сите нивоа на комуникација и кореспондеција со државните органи и осудените лица во согласност со Устав и Закон.

во член 28 Услови за пријавување и избор на Директор на УИС точка 5 од став 1 да се брише. Доволно е директорот да има високо образование како што стои во точка 6 од истиот член. да не биде дека Законот го правиме за одредени лица, Законот треба да биде по сеопфатен и да нуди кавилтет при изборот на Директорот на УИС.
Во точка 7 од став 1 од истито член бројот 10 да се менува со 5. (10 години искуство за никоја работа во државата не се бараат).

во член 29
Во став 2 алинија 1 - предлагам да се врати старата одредба т.е. директорите и замениците на установите да се именуваат по предлог на Минисерот за правда до Владата на РМ.

член 30
после став 1 да с едодава став (2) кој че гласи - „Директорот на установата има свој заменик
Став (3) се менува и гласи - „Директорот на установата и неговиот заменик ги именува и разрешува Владата на РМ на предлог на Министерот за правда.
Став (5) да се брише.
Став (7) бројот 10 да се менува со 5 год работно искуство.

член 31
се додаваат две алинеи и тоа -
-Алинеја 11 - Се координира со заменикот во правец на поефикасно раковоедење на установата
- Алиниеја 12 - Во случаи кога се работи за прашања што се однесуваат за припадниците од заедниците кои не се мнозинство задолжително треба да се консултира со неговиот заменик.

член 32
се додава алиниеја 1 -
- Заедно со Директорот го организира, насочува и координира извршувањето на работите и задачите и се грижи за нивното законито, ефикасно, навремено и квалитетно извршување
Алинеја 1 која станува Алинеја 2 гласи- „во отсуство или спреченост на директорот го заменува истиот.

Во член 36 се додава став (3)
(3) За болни осудени лица се основа дом, болница како посебна установа.

Во член 86 став (2) алинеја 4 да гласи-
- да носи и поседува службено оружје за време на извршување на работните задачи


Во член 223после став (4) се додаваат ставовите-

(5) Против решението на директорот на Управата може да се изјави жалба во рок од осум дена по приемот на одлуката до Комисијата формирана од министерот за правда.
(6) Комисијата од ставот (5) е составена од три члена и нивни заменици со мандат од две години, без право на повторен избор.
(7) Комисијата одлучува во полн состав со донесување на Решение, како конечен управен акт.

Став (5) се брише.

Во член 225 после став (1) се додаваат ставовите -
2) Против решението на директорот на Управата може да се изјави жалба во рок од три дена по приемот на одлуката до Комисијата формирана од министерот за правда.
(3) Комисијата од ставот (2) е составена од три члена и нивни заменици со мандат од две години, без право на повторен избор.
(4) Комисијата одлучува во полн состав со донесување на Решение, како конечен управен акт.

Ставот (2) од предложениот текст се брише.

07.10.2018 Александар Ковилоски

Почитувани, во првичната работна верзија на овој закон под член 50 став 2 стои „Како работни места во смисла на ставот 1 на овој член се сметаат работните места кои се вршат непосредно во работата со осудените лица“. Со тоа, јасно се определени работните места кои ќе добијат бенефициран стаж. Во оваа финална верзија овој став е избришан и во неа ставот 3 од првичната работната верзија е ставен како став 2.
Не знам од која причина сте го избришале во оваа верзија на нацрт законот меѓутоа тоа дава можност за секаков вид на манипулација. Кој ќе определува за тоа кое работно место е со посебна тежина во смисла на став 1? Бидејќи е Закон, нели е поедноставно да биде јасен и недвосмислен? Нели не треба да остава простор за различни толкувања? Поради која причина овој став е избришан кога за неговото вклучување се согласиле сите членови на работната група која го изготвувала овој закон?
Ви благодарам, се надевам дека мојата забелешка ќе биде земена во предвид кога законот ќе се финализира.

25.10.2018 Министерство за правда

Ви благодариме на забелешките, истите ќе бидат земени во предвид.
<< < 1 > >>