Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи

Министерство за финансии
30.10.2017
Закон
Отворен
1.Сметководителите и овластените сметководители кои имаа добиено уверение од министерот за финансии можеа до 15.12.2016 година да поднесат барање за замена на истите до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Дел од нив од различни причини не ги замениле уверенијата, односно го пропуштиле рокот и не можат да вршат сметководствени работи. 2.Според податоците на Институтот, 1.726 сметководители односно овластени сметководители кои ги замениле уверенијата, во рокот од 60 дена согласно законот не поднеле посебно барање за запишување во соодветните регистри во Институтот и истите немаат право да вршат сметководствени работи. 3. Од реакциите на сметководителите и овластените сметководители се утврди дека пропишаниот број на часови за континуирано професионално усовршување на годишно и тригодишно ниво е преобемен и претставувапретставува дополнителен финансиски товар за сметководителите и овластените сметководители.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

23.11.2017 Коле Симјаноски

Прочитав доста добри предлози на колегите кои коментирале во однос на измените на законот за вршење на сметководствени работи. Моите би биле следниве:
1. Да се укине категоријата сметководител и да постои единствено овластен сметководител
2. Да се најде начин постоечкиот тарифник или друг сличен правилник со кој ќе се пропишува барем формирањето на цената да се објави со службен весник со што ќе биде окончан со закон. За непримена на постоечкиот тарифник ИСОС нема основ да ги казнува прекршителите.
3. Да се намали бројот на часови за КПУ на минимум 24 часа за овластените сметководители и минимум 16 часа за смеководителите (кога веќе постојат).
4. Јасно да се истакне кои се критериумите за акредитација на друштва за вршење КПУ и да им се даде можност и на останатите друштва кои ги поседуваат критериумите да аплицираат и вршат КПУ.
5. Со КПУ и теоретски но повеќе ПРАКТИЧНО да се разработуваат МСС, МСФИ, специфични случаи кои се јавуваат во сметководството и за кои имаме право на одговор во било кое време (нели плаќаме за тоа), како и други разни диференцирани теми (производство, трговија, непрофитни организации, угостителство и сл). Во спротивно КПУ нема потреба ни да постои.
6. Доколку се прифаќа точка 1, чланарината да изнесува 150 денари месечно, сметано од датумот на стекнување на уверението.
7. Да се избрише рокот за упис во регистар, добивањето на уверение не значи и вработување (а невработените кои добиле уверение на никаков начин неможат да ги загрозат останатите сметководители), што значи во регистарот да се евидентираат само вработените кај кои доколку дојде до прекинување на работниот однос од најразлични причини да им биде одобрено привремено бришење од регистарот и бидат ослободени од чланарина за периодот за кој се избришани, секако со можност за повторен упис. (СО ПРИЛОГ М1/М2)
8. Со оглед на статистичките податоци за бројот и возрастите на сметководителите, ИСОС да врши стимулирање на младите за влез во оваа професија со што сметководителите помлади од 30 години ќе ги ослободи од чланарина и цената на обуките за овие лица ќе ја намали за барем 30% од веќе дефинираната.
9. Исто така, за стимулација на младите Институтот еднаш годишно да одржува семинар на кој ќе ги истакне позитивните страни на сметководствената професија и заштитата која ја нуди како столб на оваа професија.
10. Бидејќи големите деловни субјекти вработуваат интерни сметководители со оглед на обемот на работа, бројот на потписи на завршни сметки да се ограничи на два деловни субјекти со приходи до 5 милиони денара, односно еден деловен субјект со приходи над 5 милиони денари, со цел да се зачува квалитетот на сметководствените услуги кај големите деловни субјекти, а во однос на платата да се почитуваат минимално дефинираните критериуми (секако претходно озаконети).
11. Да се стават ограничувања и кај сметководствените бироа за бројот на фирми кој ги водат ( предлагам 30 по вработен).

11.12.2017 Министерство за финансии

Почитуван,

Ви благодариме на Вашите коментарите, и истовремено Ве известуваме за следното:

Со Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, меѓудругото се врши и намалување на бројот на часови за континуирано професионално усовршување, и се уредува бројот на часови кој треба да биде исполнет до крајот на 2017 година, што е во согласност и со Вашето барање за намалување на бројот на часови за КПУ наведено во точката 3.
Вашите предлози под реден број 4,5,6,8 и 9, имајќи го предвид начинот на нивно спроведување спаѓаат во надлежност на Институтот и истите може да ги спроведе Институтот без да се предложат законски измени.

Постојните одредби од Законот за вршење на сметководствени работи и Статутот на Институтот (член 10) даваат можност сите членови на Институтот активно, директно или преку постојните избрани претставници од својата подружница, да да се вклучат во решавањето на прашањата од интерес на членовите од соодветната подружница и на професијата во целост.
Во таа насока, а имајќи предвид дека се наближува периодот за одржување на редовна годишна седница на Собранието (согласно член 8 од Законот), во продолжение е линкот до Известувањето на Институтот во врска со контакт податоците за секоја подружница на Институтот http://isos.mk/index.php/novosti/item/600-izvestuvanje-za-podobruvanje-na-aktivnostite-so-podruzhnicite-na-institutot
Поради краткиот период, од предлагањето на Законот до истекот на роковите за поднесување на годишна сметка (28 февруари или 15 март), како и сложеноста на доставените предлози за измени во повеќе членови од Законот во кој треба да се донесат и спроведат предложените законски решенија, Ве известуваме дека при наредните измени на Законот за вршење на сметководствени работи ќе се разгледаат останатите Ваши предлози.

23.11.2017 ЃОРЃИ ГРКОВСКИ

Основни Барања преточени во Предлогот

1. Укинување на принципот испит, проверка на знаења и сл.
Без полагање на испит за оние кои веќе ги поседуваат уверенијата, заклучно со 31.12.2017 година, зошто тие се стекнати со услови претходно определени со закон, а согласно тоа и се однесуваат во економијата и бизнисот, работат во фирми или отвориле бироа. Некои бироа, па и сметководители веќе работат и пред законот 30 години – успешно и од општествен интерес исправно. Нема сериозни судски податоци како показатели дека досега сметководителите и без полагање и проверка работеле неисправно, во откриените и процесирани стопански престапи каде сметководителот е посочен за виновен. Целиот влог кој го стекнале, работејќи 5-10-20-30 години, сега благодарение на вака поставен закон, се доведува во прашање.

2. Контрола да постои само во делот на организација на фелата и нејзино однесување во стопанството, но не и во делот за водење на сметководство.
Поради непрецизност, неутврдена регулатива и методологија, во кој дел контролата би била насочена и непостоење на Правилник за контрола и сл. За начинот и исправноста на водењето на сметководство веќе има закон и надлежни државни институции кои се грижат за негово спроведување и во случај на прекршоци, негово санкционирање поставени од страна на државата. Во случајов има удвојување на контрола, а со тоа и можност за двојни казнувања.

3. КПУ – со турнус на 7 години со часови за сметководител 140 а за овластен 210, без испит односно проверка на знаења.

Континуирано професионалното усовршување да биде на 7 години со вкупно 210 часови за овластени сметководители односно 140 часови за сметководители, после кое ке може да го продолжи сопственото уверение, т.е. се стекнува со право на продолжување, упис во регистар. Ваквата практика е веќе присутна во другите професии, кај лекарите, стоматолозите, фармацевтите и не гледаме причина зошто сличен модел да не се применува, со оглед дека и тие работат исклучиво чувствителна материја, па таа е на рок од 7 години. Затоа сметаме дека и во нашата професија може да се примени овој модел.

4. Само, вработен со полно работно време сметководител составува и потпишува годишна сметка и финансиски извештаи.

Исклучување на нелојалната конкуренција од професија со тоа и спречување на даночна евазија. Ќе немаат можност да потпишуваат пензионери, вработени со договор на дело, или пак внатрешно вработени со скратено работно време, кое сега е практика, на 1, на 2 часа, на 4 неделно и т.н., а во суштина доработуваат во домашни услови и се однесуваат нелојално во однос на вршење на нерегистрирана дејност, истовремено тие истите на овој начин се нелојална конкуренција на пазарот кои за разлика од нив регестрираните според овој закон, мораат да обезбедуваат влогови, ресурси, енергија, лиценци, осигурување од штетен настан како заштита, закупнини, основаат друштва и како такви одговараат во системот , плакаат даноци, подлегнуваат на строги норми и казни, од овој и други закони.


5. Изедначување на правата на ТП и ТД како правни субјекти за вршење на сметководствени работи.

Со оваа измена се изедначуваат правата на ТП со Друштвата за водење на сметководствени работи, во делот за работа со ист вид на правни субјекти (обврзници за водење на сметководство), а во делот кој им се разликува, а тоа е водењето на АД, сметководственото биро ( кое е ТД – ДООЕЛ или ДОО ) да има уште еден вработен сметководител најмалку. Доколку некое сметководствено биро има намера да му врши сметководствени услуги на правно лице АД, во тој случај да мора задолжително да има уште најмалку 1 вработен сметководител.

6. Управител – овластено лице на правниот субјект, да нема право на составување и потпис на годишна сметка и финансови извештаи во ЦРРМ како и сите видови даночни пријави и обрасци во УЈП на местото сметководител.
Досега во практиката во УЈП и во ЦРРМ се прифаќаше потпишување на сметководствена документација, Пријави, Годишна сметка и тн. од страна на Управителот на друштвото, на позицијата СМЕТКОВОДИТЕЛ.и тоа независно кој ја обработувал материјата во неа.За тоа не се знае.Со тоа се дозволува од една страна некомпетентно и неовластено лице, нерегистрирано, нелиценцирано лице да пополнува и потпишува, од друга страна, точност и одговорност, од трета нелојална конкуренција. Сметководители вработени во државни институции во своето слободно време ги обработуваат документите дома или кај обврзниците за водење на сметководство, во нивни простории, канцеларии, а верификацијата на докуметите ја оставруваа со ПОТПИС обезбеден од УПРАВИТЕЛОТ. Крајно некоректно, неконкурентно, нелојално и непрофесионално на професијата. Овој оставен простор создава нездрава пазарна позиција на оние кои тоа го прават според Законот. Имплементацијата на овој член ќе ги реши сите дилеми и прашања како за професионалноста така и за не/лојалната конкуренција.
Од друга страна се кршат, не се спроведуваат одредбите од член 476 и член 477 од Законот за трговски друштва.

7. Да се брише одредбата за ограничување на сметководителите - сопственици со над 2% од влогот во друштвата за водење на сметководствени работи.

Ова ограничување е против-уставно, од апект на презумција на невиност, априори се определува дека некој ке стори кривично дело, па оваа мерка би го спречила. Но, зошто не е така, на пример случајот кога според законот за ТД е овозможено исто физичко лице да биде и ОСНОВАЧ и УПРАВИТЕЛ. Зарем не важи истата релација во овој случај. Сметаме дека оправдано и од друг аспект, а тоа е задолжителното осигурување од штетен настан кој е до 20 000 евра, кој мора да го имаат правните субјекти за вршење на сметководствени работи.

8. Намалување на сите казни за 50%

Сметаме дека казните се превисоки и не се одмерени по големина на субјекти, би требало да бидат најмалку двојно намалени до наредни промени кои би се појавиле како потребни согласно практиката во иднина.


Прикачен документ на коментарот 45_Предлог_на_Закон_за_Измени_на_ЗВСР_3_-_Финал_(vers1156626498.docx
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>