Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата

Министерство за правда
06.03.2014
Закон
Затворен
Целта на предлогот е да се воведе Систем на интегритет и систематска заштита на лицата кои пријавуваат сомневање или сознание за корупција или друго незаконито и недозволиво постапување.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

07.02.2014 Дона Димов-Марковска

Почитувани,

Во врска со Нацрт текстот за Предлог Законот за изменување и дополнување на законот за спречување корупција ТИ-М во прилог ви испраќа линк http://www.transparency.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=948&Itemid=57 каде ќе можете да ги погледнете мислења, коментари и сугестии.

Со почит,
Транспаренси Интернешнл - Македонија

14.03.2014 Министерство за правда

Почитувани,

Министерството за правда, согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија и Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, подготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата.
Известувањето за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата е јавно објавено на 30.10.2013 година.
Со објавувањето на документите согласно Методологијата за проценка на влијанието на регулативата се повикаа засегнатите страни да дадат придонес со испраќање на коментари, предлози и сугестии кон предложеното решение.
По разгледувањето на добиените мислења, извршено е усогласување и подобрување на текстот на Предлогот на Законот и изготвен е Предлог-Извештај за проценка на влијанието на регулативата.
До денот на изготвување на Предлог-Извештајот (05.02.2014 година), мислења, коментари, предлози и сугестии од засегнати страни не беа доставени до Министерството за правда.
Дополнително, Министерството за правда со внимание ја разгледа Анализата изготвена од страна на ТИ-Македонија по однос на Предлогот (доставена на 07.02.2014 година), по што известуваме за следното:
1. По известувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата за тоа дека организацијата Паблик Концерн ат Ворк [Public Concern at Work (PCAW)] се откажала од учеството во подготовката на документот (извештај) „Патоказ за имплементирање на системот на свиркачи во Македонија“, референцата на организацијата под наведениот наслов е отстранета од Извештајот за проценка на влијанието на регулативата и од образложението кон Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата.
2. Министерството за правда, покрај искуствата во областа на соседните држави, ги разгледа и пошироките европските практики и искуства. Исто така, предвид беа земени барањата кои произлегуваат од меѓународното право (меѓународни инструменти), препораките на Советот на Европа и ОЕЦД, како и Извештајот на Транспаренси Интернешнл од 05.11.2013 година за правната заштита за заштита на укажувачите во Европската унија.
3. Со Предлогот на Законот (нов член 54-б) се воведуваат канали за внатрешно и надворешно пријавување извршено од страна на укажувачи (лицата дефинирани со нов член 54-в). Во Предлогот јасно е утврдено дека внатрешното и надворешното пријавување меѓусебно не се исклучуваат. Одредбите со кои се воведува внатрешен и надворешен канал на пријавување извршено од укажувач согласно Предлогот на Законот, не го исклучуваат пријавувањето на случаи на корупција и друго незаконито и недозволиво постапување кое може да се изврши согласно други закони, како што е поднесувањето кривична пријава согласно Законот за кривичната постапка, ниту пак ги ограничуваат правата гарантирани со Уставот и законите. Согласно одредбите од Предлогот, на укажувачот и на членовите на неговото семејство им се обезбедува заштита од било каков вид на повреда на право заради извршено пријавување (нов член 54-д), а воведувањето на каналите за внатрешно и надворешно пријавување е во насока на насочување на механизмот на пријавување извршено од укажувач, кој согласно меѓународните препораки ќе има ефект на укажување првенствено заради превенција односно внатрешна корекција и спречување на незаконитото и дозволиво постапување, што е во согласност со принципите 10, 11, 14, 16, 17 и 18 од Нацрт препораката на Советот на Европа за заштита на укажувачите од 5ти јули 2013 година и во согласност со барањата за обезбедување на баланс и заштита на податоци според Директивата 95/46/ЕК на Европскиот парламент и на Советот од 24ти октомври 1995 година за заштита на поединци во врска со обработката на лични податоци и за слободно движење на тие податоци .
4. Целта на Предлогот на Законот е да се воведе внатрешен и надворешен канал и рамка за заштита на укажувачите согласно која ќе се изврши усогласување на други закони со цел обезбедување систематска заштита на укажувачите. Спротивниот пристап (постоењето на сеопфатна и посебна легислатива за заштита на укажувачите), како што заклучува Транспаренси Интернашнл во својот Извештај, претставува исклучок во Европа. Во практиката, институциите во Република Македонија во своето работење вниманието го задржуваат на законите за чија примена се надлежни. Да се донесе нов посебен закон за системска заштита на укажувачите значи да се донесе нов системски закон во антикорупциската област, покрај Законот за спречување на корупцијата, со таа разлика што посебниот закон за системска заштита на укажувачите се однесува на еден од главните елементи во антикорупциската област (дел од системот за интегритет).
5. Со Предлогот на Законот се воведува гаранција за заштитата на укажувачот согласно закон и заштита на неговата анонимност и доверливост до степен и момент до кои укажувачот тоа го бара (принцип 19 од горенаведената Нацрт препорака на Советот на Европа). На тој начин, се обезбедува прифаќањето на анонимни пријави и обезбедувањето доверливост, што е и препорака на ОЕЦД наведена под водечкиот принцип број 3 во рамки на Г20 Прегледот на најдобри практики и водечки принципи за легислатива за заштита на укажувачите, 2012 (G20 Compendium of best practices and guiding principles for legislation of the protection of whistleblowers, 2012) . На укажувачот и на членовите на неговото семејство, им се обезбедува заштита од било каков вид на повреда на право заради извршено пријавување од страна на институцијата, односно правното лице. Доколку заштита не е обезбедена, укажувачот ја известува Државната комисија за спречување на корупцијата која за повредата бара известувања и бара преземање мерки за заштита со прекинување на дејствијата, односно отстранување на пропустите со кои се повредуваат правата на укажувачот. За непостапување по барањата на Државната комисија во пропишаниот рок, предвидени се глоби. Со предвидените одредби не се исклучува поведување постапка за друг вид на одговорност согласно закон, зависно од тоа какво право му е повредено на укажувачот. Институцијата до која се врши надворешното пријавување согласно Предлогот на Законот е определена имајќи го предвид водечкиот принцип и пример за добра практика под број 5 на ОЕЦД: Г20 Преглед на најдобри практики и водечки принципи за легислатива за заштита на укажувачите, 2012 (G20 Compendium of best practices and guiding principles for legislation of the protection of whistleblowers, 2012).
6. Во периодот од објавувањето на Нацрт-Извештајот до изготвувањето на Предлог-Извештајот, извршено е усогласување и подобрување на текстот на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата.


Со почит,
Министерство за правда


<< < 1 > >>