Назив на папка:
Закон за финансиски инструменти
Назив на министерство:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот:
Закон за финансиски инструменти
Краток опис на проблемот:
Постојниот Закон за хартии од вредност го уредува начинот и условите за функционирање на пазарот на хартиите од вредност и на овластените учесници на пазарот, меѓутоа Законот не е целосно усогласен со поновите директиви и регулативи на ЕУ во областа на пазарот на капитал. Поради ова се наметна потреба од подготовка на нов Закон за финансиски инструменти и нов Закон за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност, во кои ќе бидат имплементирани најновите европски директиви и регулативи од областа на пазарот на капитал, а со кои закони ќе биде заменет постојниот Законот за хартии од вредност.
Цел на предлог законот:
- ќе се овозможи сите финансиски инструменти што се достапни за инвеститорите на меѓународните пазари да бидат препознаени и на домашниот пазар, а лиценцирањето и организациските барања за брокерските куќи (инвестициски друштва) ќе се врши според стандардите на ЕУ. Освен Берзата (пазарниот оператор) ќе може да се основаат нови платформи за тргување како Мултилатерална платформа за тргување и Организирана платформа за тргување.
- ќе се зголемат овластувањата на Комисијата за хартии од вредност
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
08.03.2023 - 08.04.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
magdalena.simonovska@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Магдалена Симоновска
Други информации:
/