Назив на папка
:
Закон за висока раководна служба
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог Закон за висока раководна служба
Краток опис на проблемот
:
Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба (ВРС). Општите услови за именување и разрешување на лицата сега се регулирани со посебни материјални закони за конкретни области од јавниот сектор. Овие закони содржат недоволна регулација ( најчесто само одредби за објавување на јавен оглас и општи услови), а не и одредби за критериумите, постапката за селекција и избор на кандидатите за раководни позиции. Евидентно е дека не постојат јасни правила за именување и разрешување на директорите и за секретарите, ниту пак отворен натпревар за најголемиот број на овие позиции со што се нарушува принципот на заслуги.
Цел на предлог законот
:
Основна цел од воспоставување на Висока Раководна Служба (ВРС) е разграничување на политичкото од професионалното ниво, утврдување на линиите на отчетност на високите раководители, што ќе доведе до унапредување на јавните услуги и зајакнување на доброто владеење како иманентен принцип на работење во јавната администрација.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.10.2021 - 10.05.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
laura.ajdini@mioa.gov.mk
ljupka.ivanovski@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Лаура Ајдини
Други информации
:
/