Назив на папка:
Закон за архивска дејност
Назив на министерство:
Влада
Назив на предлог прописот:
Предлог Закон за архивска дејност
Краток опис на проблемот:
Земајќи ги предвид стратешките цели на Владата за дигитална трансформација на општеството, актуелниот Закон за архивски материјал се покажа како пречка за целосно дигитално комуницирање и неопходно беше да се доуреди канцелариското и архивското работење како и архивската дејност, и да се изедначи законската валидност на документите како средства за службена комуникација, без оглед на медиумот на кој настанале, особено што досегашното законско решение не беше компленто усогласено со законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
Цел на предлог законот:
Унапредување и стандардизација на канцелариското и архивското работење, заштитата, чувањето, обработката и користењето на архивскиот материјал, како културно наследство и извор на колективната меморија. Целосно регулирање на продукцијата на електронски документарен и архивски материјал и воспоставување централизиран архивски ИС со унифицирани стандарди за управување со документи, метаподатоци и информации за архивскиот материјал. Со ова Државниот архив, како сервис на граѓаните, ќе може лесно да управува со архивските фондови и збирки.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
30.08.2023 - 06.09.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
nsdto@gs.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
nsdto@gs.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
нсдто@гс.гов.мк
Други информации:
/